Украина

Трамп најавува средба меѓу Путин и Зеленски - Москва го повикува украинскиот претседател на разговори

28.10.2026 10:14

Нови дипломатски најави за крај на војната во Украина. Трамп најавува скорешна средба меѓу Путин и Зеленски, додека Москва инсистира разговорите да се одржат на руска територија.

Трамп објави дека наскоро би можела да се одржи средба меѓу Путин и Зеленски, но без конкретен датум.

„Постигнуваме огромен напредок со Русија и Украина. Ќе има состанок многу наскоро. Средбата ќе биде организирана многу наскоро и мислам дека би можеле да постигнеме голем напредок“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Киев очекува трилатерални разговори во ноемви, но Зеленски истакна дека Европа мора да биде вклучена во одлуките за завршување на војната.

„Мора да го доближиме мирот. Нема мир без притисок. Мирот не доаѓа кај оние кои се немоќни“, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Од Кремљ велат дека ако Зеленски навистина сака директни разговори, треба да дојде во Москва..

„Ако Зеленски навистина сака да одржи директни разговори, треба да дојде во Москва, каде што ќе му бидат обезбедени сите потребни услови, вклучително и безбедноста“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Додека дипломатските активности продолжуваат, Русија и Украина во нова размена на оган со дрнови и ракети..