Србија
Терористички напад во Белград: Напаѓач со два ножа нападнал полицаец пред израелската амбасада
28.10.2026 10:15
Терористички напад пред израелската амбасада во Белград. Напаѓач со два ножа повредил полицаец, кој го усмртил во самоодбрана. Србија го подигна нивото на терористичка закана на највисок степен.

Терористички напад во Белград - малолетник со два ножа нападнал полицаец што ја обезбедувал израелската амбасада.
Полицаецот реагирал во самоодбрана и го убил, а и самиот бил повреден.
Властите соопштија дека напаѓачот бил поддржувач на Исламската држава, додека нивото на терористичка закана го подигнаа на највисоко ниво.
