Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро
Според американски извори, визи добиле и членовите на неговото семејство, а Болсонаро веќе пристигнал во САД...

Американскиот претседател Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро, по неговиот пораз на претседателските избори. Според американски извори, визи добиле и членовите на неговото семејство, а Болсонаро веќе пристигнал во САД. Аргентинската имиграциска служба потврди дека тој поминал низ земјата, откако го напуштил Бразил, каде е под истрага за сомневања за корупција и перење пари. Врховниот суд му нареди да ги предаде пасошите. Флавио е син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој издржува 27-годишна казна затвор за заговор за државен удар. На изборите тој загуби од левичарскиот претседател Лула да Силва.
„Мислам дека изборите беа многу чудни и ужасни. Дали би одобрил да дојде? Да, би одобрил, би ми било во ред. Не застанав на страната на никого. Лула го знам, Флавио малку. Татко му го знам многу добро и мислам дека беше третиран многу лошо. Но, не бев вклучен – тоа е Бразил“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
