Судир меѓу два брзи воза во шпанската покраина Толедо
Несреќата се случи околу 9 часот наутро, кога воз на компанијата Ренфе удрил во воз на приватниот превозник Ирјо, кој сообраќал на линијата Мадрид – Севиља...

Најмалку 46 лица загинаа, а над 100 се повредени во судир меѓу два брзи воза во шпанската покраина Толедо. Несреќата се случи околу 9 часот наутро, кога воз на компанијата Ренфе удрил во воз на приватниот превозник Ирјо, кој сообраќал на линијата Мадрид – Севиља. Железничкиот сообраќај на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија е прекинат во двата правци.
На местото се испратени Цивилната гарда, пожарникари, волонтери и медицински тимови, а побарано е распоредување и на Воената единица за одговор при итни случаи. Шпанскиот премиер Педро Санчез изрази шокираност и солидарност со жртвите и нивните семејства. Тој е во постојан контакт со министерот за транспорт и регионалните власти.
Ова е втора голема железничка трагедија во Шпанија оваа година. Во јануари, во судир на два воза на југот од земјата, загинаа најмалку 45 лица, а 170 беа повредени.
