Македонските фудбалски легенди играа во чест на велешките деца заболени од церебрална парализа
Голманите на двете екипи, ветеранитре на македонската фудбалска репрезентација и оние на Борец примија голови, но нив никој не ги броеше оти победникот беше познат однапред- Зздружението на лица заболени од церебрална парализа. Настанот го организираше општинскиот фудбалски сојуз и е дел од настаните посветени на неделата на детето...

Фудбал со хуманитарен предзнак се играше на Градски во Велес. Се надмудруваа ветераните на Македонската фудбалска репрезентација и на велешки Борец. Бројот на голови на овој натпревар не беше важен оти победникот се знаеше однапред, Здружението на лица заболени од церебрална парализа.
„На ваков начин се помага на лицата со посебни потреби, да се чуствуваат рамноправни во ова наше друштво“, рече Љубе Велков, фудбалер, ветеран на Борец.
„Ние спортистите сме должни да го правим тоа и го правиме со посебна гордост“, рече Бошко Ѓуровски, фудбалер, ветеран на македонска фудбалска репрезентација.
На трибините многубројни љубители на фидбалот. Некој дојдоа да го видата Ѓуровски, Најдовски, Мицевски, Ќумбевм, браќата Нацеви, но децата во чија чест се играше натпреварот велат дека најмногу дошле за Даниел Кајмаковски и потребата да покажат дека и тие се дел од ова општество.
„Би било уште многу поубаво ако има повеќе вакви активности за сите нас“, рече Иле Дамчевски, член на Здружението на деца заболени од церебрална парализа.
„ За хуманитарно сите се трудиме, јас секогаш сакам да дадам максимум“, рече Даниел Кајмакоски.
„Вакви настани ќе има повеќе за овие деца, верувам дека сакаат спорт исто како и ние“, изјавиПанче Ќумбев, фудбалер, ветеран на Борец.
Се менуваат работите во Македонија. Лицата со попреченост се повеќе се интегрираат во општеството. Она што сеуште за нив е проблем е слабата прифатеност од околината.
„Бариерите не се конкретно проблем кој што не е решлив, некогаш бариерите се во нашите сваќања“, изјави Далиборка Златева, претседател на Здружението на лица заболени од церебрална парализа.
„Им е потребна институционална подршка, но пред се им е потребно прифаќање од заедницата односно од луѓето со кои тие секојдневно комуницираат“, рече Александар Колев, претседател на Совет на општина Велес.
Средствата собрани од овој хуманитарен натпревар се наменети за еднодневен излет на членовите на Здружението на лица заболени од церебрална парализа.
Дијана Иванова
