Годишно околу 2.000 повреди на работа, до 30 работници ги губат животите
Безбедноста и здравјето при работа се основно право на секој работник, порача министерот за економија Дурмиши по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа. Тој нагласи дека вложувањето во безбедни работни услови не треба да се смета за трошок.

Секојдневно одат на работа за да заработат за живот, но за некои работниот ден завршува со повреда. Во земјава годишно се регистрираат околу 2.000 повреди на работните места.
Годишно помеѓу 20 и 30 луѓе воопшто не се враќаат од своето работно место. Црна статистика што алармира дека работата може да ги загрози и здравјето и животот. Зад секоја бројка стои човек, а зад секоја повреда прашањето дали можела да биде спречена.
Безбедноста и здравјето при работа не се само законска обрска или исполнување на пропишани стандарди. Тие се основно право на секој работник, прашање на човечко достоинство и заедничка одговорност, порача министерот за економија, Дурмиши.
Вложувањето во безбедни и здрави работни услови не треба да се гледа како трошок, порака до работодавците на Европската недела за безбедност и здравје при работа.
Ана Јосифоска
