124 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот, продолжи расправата во Собранието
Поднесени се 124 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите. Од СДСМ повторно со барање за зголемување на минималната плата и на студентскиот оброк.

Власта и опозицијата ги судрија ставовите за новиот ребаланс на буџетот. Заменик-министерот за финансии, Јанкуловски рече дека ребалансот се прави за навремена заштита на стандардот на граѓаните.
Од СДСМ оценија дека растот на трошоците за живот дополнително го отежнува секојдневието на граѓаните, затоа бараат минимална плата од 36.000 денари и повисок студентски оброк од 140 на 200 денари.
Буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво, односно 752,8 милиони евра, или 4,1% од БДП.
Економија до крајот на годинава би можела да оствари раст меѓу 3,5 и 4%.
Борис Грујоски
