Македонија

Промовирана мобилната апликација м.Услуги

28.10.2026 17:48

Помалку шалтери, документи и побрзи услуги за граѓаните, Владата ја промовираше бесплатната мобилна апликација м.Услуги со која се воведува дигитален паричник, заштитен со Пин код, а ќе постои и можност за биометриска заштита...

Дигиталната верзија на личната карта и возачката дозвола се дел од услугите на мобилната апликација м.Услуги со која граѓаните ќе можат на поедноставен и побрз начин да пристапуваат до електронските услуги на институциите. Државата треба да се прилагоди на потребите на граѓаните, а не обратно – истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најавувајќи 10 нови услуги во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Времето на граѓаните и компаниите има економска вредност, истакна премиерот Мицкоски со очекување на нови услуги. Не очекува дека м.Услуги ќе ги решат сите проблеми на администрацијата, но дека ќе ги намалат проблемите и ќе ги зголемат транспарентноста и отчетноста.

Според евроамбасадорот Рокас, Македонија успеа да ги исполни барањата на Реформската агенда на планот на дигитализацијата.

м.Услуги е предвесник на дигиталниот паричник со кој се очекува да се намали бирократијата. Истиот ќе биде признат меѓугранично и ќе овозможи приватност и поголема безбедност и контрола на личните документи.

 

Александра Велинова