Расправа за Буџетот

28.10.2026 15:06

Поднесени се 124 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите...

Поднесени вкупно 124 амандмани за вториот ребаланс на буџетот за годинава. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа. Власта и опозицијата ги судрија ставовите. Заменик-министерот за финансии рече дека ребалансот се прави за навремена заштита на стандардот на граѓаните.

Од СДСМ оценија дека растот на трошоците за живот дополнително го отежнува секојдневието на граѓаните, затоа бараат минимална плата од 36.000 денари и повисок студентски оброк од 140 на 200 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ребалансот е за навремено усогласување на буџетските проекции со новите економски услови до крајот на годината.

Опозицијата критикува дека буџетот е во лоша состојба и тоа било резултат на неправилните владини политики.

Буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво, односно 752,8 милиони евра, или 4,1% од БДП.

Економија до крајот на годинава би можела да оствари раст меѓу 3,5 и 4%.

Борис Грујоски