Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција
Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче, покажуваат сумираните резултати од петте изборни места во државата.

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
На денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.
Втор по бројот на гласови е Трајче Пеливанов со 57, Јован Цветановски освои 30, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа.
Четири ливчиња биле неважечки, додека 12 јавни обвинители не го искористиле правото на глас.
Гласањето се одвиваше на пет изборни места во државата, а резултатите беа сумирани на јавна седница на Советот на јавните обвинители.
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески го оцени изборот како значаен демократски процес и изрази надеж дека новото раководство ќе придонесе за поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата и за зајакнување на довербата во институцијата.
Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази, чиј мандат истекува.
