Охрид по примерот на Монако- подигнато бело знаме како симбол на чистата вода!
На плажата пред Хотелот „Инекс-Горица“ во Охрид беше подигнато бело знаме, како симбол на чисто и еколошки третирано подрачје. Со тоа е преземена обврската плажата да се одржува според строгите правила на глобалното здружение за подигање на свеста за подводниот свет...

Претставници на Глобалното Здужение за подигање на свеста за подводниот свет денеска на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, му го предадоа Белото знаме, кое беше подигнато пред плажата на Хотелот „Инекс-Горица“, како симбол за чиста вода и еколошки третиран дел од крајбрежјето. Ова е уште едно признание за Охрид кој се наоѓа на светската мапа по својата чистота што не обврзува она што ни го предале нашите претци да го чуваме за во иднина, рече претседателот Иванов.
„Ова што денеска се случи во Охрид е на некој начин апел до сите да се грижат за водите,не само во Македонија туку во целиот свет.И за тоа е оваа Меѓународна асоцијација која ја подига свеста за значењето на водата,што значи водата за човекот и што значи за нас како човечки суштества“, изјави претседателот Ѓорге Иванов.
Република Македонија е една од првите држави што се вклучи во оваа кампања.
„Белото знаме е единствен симбол во светот кој гарантира дека една плажа и површината на морето имааат комплетна чистота. Тоа значи дека е исчистена од ситен и крупен токсичен отпад како што е пластиката и се штитат организмите што се под вода“, рече Кристијан Цуревиќ, претседател на Глобалното Здружение за подигање на свеста за подводниот свет.
Белото знаме за прв пат е поставено во Монако- Франција, а во регионот вакви знамиња се подигнати во Словенија, Хрватска и БиХ. Светски амбасадор на ова еколошко движење е актерот Арман Асанте, а македонски амбасадор е музичарот Влатко Стефаноски.
Сашо Нелоски
