Тридневна жалост во Шпанија по железничката трагедија, протести за одговорност
Шпанија е во тридневна жалост по железничката несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Истрагата продолжува, а аудиоснимките од комуникацијата меѓу контролорот и машиновозачот отвораат прашања за одлуките донесени пред трагедијата.

Тридневна жалост во Шпанија по железничката трагедија во која загинаа најмалку 68 луѓе. Истрагата продолжува, додека аудиоснимките од разговорот меѓу контролорот на сообраќај во Мадрид и машиновозачот покажуваат дека на брз воз му е дадено зелено светло за минување, иако друг воз пред него бил во дефект и застанал на шините.
„Одлуката да се продолжи со сообраќајот без системот повторно да работи беше одлука на контролниот центар. Тоа е нешто што од наша гледна точка е необјасниво“, изјави Оскар Пуенте – министер за транспорт на Шпанија.
Премиерот Санчез вети дека, доколку имало небрежност, ќе има одговорност.
„Цела Шпанија е во жалост. Ќе одиме до крај – ако имало небрежност, ќе откриеме. Не е прифатливо земја како Шпанија да претрпи две несреќи со брзи возови во истата година“, изјави Педро Санчез – премиер на Шпанија.
Во Мадрид, стотици граѓани протестираа барајќи оставки и политичка одговорност. За време на протестот дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Машиновозачите најавија штрајк кој синдикатот го објаснува како одбрана на безбедноста на железницата.
