Блиски Исток

Иран ја разгледува мировната понуда, САД се подготвуваат за можни удари

29.10.2026 15:51

Додека Техеран го разгледува предлогот на катарските посредници за прекин на војната, САД најавуваат подготовка за можна кратка и интензивна воена кампања против Иран.

Нови удари на Хутите врз аеродромот во Аден во два одделни напади. Во меѓувреме, Техеран го разгледува новиот предлог од катарските посредници за крај на војната, а одговор се очекува до крајот на неделата.

САД, пак, известија дека се подготвуваат за можна кратка и интензивна кампања против Иран.

Од Техеран велат дека сè уште ѝ даваат шанса на дипломатијата, но се подготвени и за борба. Лидерот на Хезболах, Касем, ги отфрли повиците за разоружување и го оспори договорот меѓу Израел и Либан.