Зеленски чека датум за трилатерална средба, Москва ја исклучува Европа од преговорите
Инцидент во Црното Море и нови руски напади во Украина, додека неизвесноста околу трилатералните преговори продолжува. Зеленски вели дека сè уште нема датум за средба со Русија и САД, а Москва потврдува дека разговорите ќе продолжат.

Нов инцидент во Црното Море недалеку од бугарскиот брег. Погоден контејнерски брод со опасни материјали. Москва тврди дека бродот превезувал воена опрема за Украина. Во Харков погодена образовна институција додека хуманитарното примирје во Херсон продолжува. Се чистат мини околу Олешки. Зеленски вели дека сè уште нема датум за трилатерална средба и дека таа зависи од руската страна. Кремњ потврди дека датумот наскоро ќе биде објавен, но го исклучи учеството на Европа во разговорите.
„Не знам кога ќе имаме состанок со Русија на лидерско ниво. Тоа сега зависи од руската страна, бидејќи тие никогаш порано не поддржале таков состанок“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.
„Се согласивме дека трилатералните преговори ќе продолжат со претставници од Русија, Украина и САД. Европејците можат да влезат ако купат билети, но никој нема да ги покани на преговарачка маса“, изјави Јуриј Ушаков - советник за надворешни работи на Путин.
