Србија
Повторно гласање на 53 избирачки места во Србија в недела
29.10.2026 14:57
Гласањето на вонредните парламентарни избори во Србија ќе биде повторено на 53 избирачки места.

Гласањето на вонредните парламентарни избори во Србија ќе биде повторено на 53 избирачки места, в недела на 1 ноември- одлучи Републичката изборна комисија, бидејќи на 31 место не било можно да се утврдат резултатите, а на 22 гласањето било поништено.
