МВР
Лишен од слобода возач во Кочани, возел нерегистрирано возило без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода
29.10.2026 11:12
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава...

На 28.10.2026 во 16:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А.(37) од Кочани, информираат од МВР.
Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки и го напуштил местото, а по преземени мерки бил пронајден при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и со измината важност на сообраќајната дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
