Култура

Продолжен рокот за аплицирање на конкурсите за култура за 2027 година

29.10.2026 14:15

Министерството за култура и туризам го продолжи рокот за електронско аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2027 година. Заинтересираните ќе можат да поднесат пријави до 6 ноември, петок, до 15:30 часот.

До 6 ноември, петок, до 15:30 часот се продолжува рокот за електронско аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година, информира Министерството за култура и туризам.

Пријавувањето се врши електронски преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок. За стручна помош при подготовката на пријавите, како што информираат, апликантите и оваа година ќе можат да се обратат до надлежните сектори во Министерството за култура и туризам.