МВР

Приведен разбојник од Гостивар за издржување едногодишна затворска казна

29.10.2026 13:37

Вчера во 15:45 часот на ул. „Боге Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа А.Ц. (60) од Гостивар...

Вчера во 15:45 часот на ул. „Боге Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа А.Ц. (60) од Гостивар, соопштија од МВР.

Тој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.