Градови домаќини на EURO 2014...четврт дел-Копенхаген
Копенхаген е главен град на Данска, со 1.967.727 жители. Датира од 10 век како викиншко рибарско село, за 5 века подоцна веќе прерасне во престолнина.
Во метрополата, битката за што подобар Евро ракометен статус ќе ја водат Хрватска, Шведска, Белорусија и Црна Гора собрани во групата Д.

Бронзените од последниот континентален собир Хрватите, влегуваат во 11-тото во низ учество со желба единственото злато кое им недостасува во импозантната колекција од големи натпреварувања, конечно да го излеат. До сега се имаат закитено со 4 европски медали, по две сребра и две бронзи. Хрватите во својот тим го имаат најдобриот играч според ЕХФ, Домагој Дувњак.
Шведска го бележи 10-тото партиципирање од кое на првите 5 односно 4 беа конкретни, златни. Од 2004-тата влегуваат во криза за последните две ги завршат на 15 и 12-тото место.
Белорусите на своето сефте на европските 94-тата блесна со 8-то место, за потоа 14 години апстинира, за 2008-та повторно се појават и завршат 15-ти. По 4 години по третпат ќе ги види ракометна Европа.
Црна Гора го направи најбомбастичниот влез меѓу 16-те со елиминација и победа на двапати на германците, константните учесници на вакви собири. Сега ќе го запишат второ учество на Европските со ниет да остават силен печат.
И покрај големината на градот и метрополската улога која ја носи Копенхаген, сепак салата во која ќе се играат натпреварите од Д групата „Бронби Хален“, е со капацитет од само 4.400 посетители.