Сеуште се разработува моделот за полагање државен испит на факултетите

05.10.2014 17:36

Полагањето државен испит на факултет е модел кој се уште се разработува, а како основа се земаат европски искуства. Ова не значи упад во автономијата на универзитетите. Министерството за образование со објаснување за предвидената новина, која претходно ќе оди на јавна расправа...

Концептот за полагање државен испит во втора и четврта година од студирањето се разработува- објаснува заменик министерот за образование Спиро Ристовски.  Се анализираат искуствата од неколку европски држави, чии концепти се слични и имаат искуство во ваквиот тип полагање.

Целта е да се обезбеди квалитетен филтер во високото образование преку полагањето испит. Драфт верзијата ќе биде ставена на јавна расправа и Ристовски апелира сите заинтересирани да се вклучат во расправата за да се добие квалитетно решение.

Од друга страна Ристовски обелодени дека само 155 легла во студентските домови останале празни, а 5.801 студент добиле сместување. Приоритет при аплицирањето имале социјално загрозените, па оние со висок процент.

Годинава само 12 проценти од апликациите кои биле испратени по електронски пат не биле прифатени бидејќи биле нецелосни.

Оние малку места кои останале празни студентските домови ќе ги продаваат по економски цени. Следува реновирањето на студентскиот Гоце Делчев кое ќе оди блок по блок.

 

Миле А. Ристески