Одбрана

Професионалните војници по 45 години ќе продолжат да работат во Министерството за одбрана и Армијата

29.10.2026 13:15

Професионалните војници кои навршуваат 45 години ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица во Министерството за одбрана и во македонската Армија, до пензионирањето. Денеска беа потпишани договори за вработување на неопределено време, како дел од реформата со која се овозможува нова опција за продолжување на работниот ангажман.

Професионалните војници кои навршуваат 45 години ќе можат да ја продолжат работната кариера како цивилни лица во Министерството за одбрана и во македонската Армија, наместо да ја напуштат службата со испратнина. Првите договори за вработување на неопределено време беа потпишани денеска во Министерството за одбрана.

Со реформата се овозможува трансформација на работниот статус од определено на неопределено време, со што војниците по навршувањето на 45-годишна возраст ќе можат да продолжат да работат до пензионирањето.

Од Министерството за одбрана информираат дека ова решение е резултат на соработката со претставниците на синдикалните здруженија и Генералштабот, а со него, по повеќе децении, се овозможува дополнителна можност за професионалните војници кои ја достигнуваат старосната граница за служба.

Досегашните законски можности остануваат во сила. Војниците и понатаму ќе можат да изберат испратнина во висина од две просечни плати во државата за секоја година помината во Армијата, како и можност за преминување во органите на државната и локалната власт.

Од Министерството за одбрана и Генералштабот оценуваат дека искуството и обученоста на професионалните војници се значаен ресурс за извршувањето на задачите во Армијата и дека реформата претставува начин за вреднување на нивниот придонес во безбедноста на државата.