Се зајакнува безбедноста при работа!

05.10.2014 17:47

Новите измени во Законот за безбедност и здравје при работа предвидува менаџерите и директорите да ги информираат синдикатите за недостатоцитеи за опасностите со кои се соочуваат работниците. На овој начин треба да се намалат повредите на работното место...

Синдикалните организации ќе ги контролираат работодавачите колку се грижат за безбедноста на нивните вработени. Новите измени во Законот за безбедност и здравје при работа предвидува менаџерите и директорите да ги информираат синдикатите за  недостатоцитеи за опасностите  со кои се соочуваат работниците. На овој начин треба да се намалат повредите на работното место.

„Социјалните парнетри во Македонија имаат висок сенс за унпрадувањето на работничките права и на работното законодавство“, смета претседателот на ССМ, Живко Митревски.

„Најдобар претставник на вработените е претседателот на самата синдикална организација, ние се служуваме дека нивното учество во контролата на безбедноста при работа треба да се зголеми“, смета претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Мерките меѓудругото предвидуваат претставникот на вработените  најмалку два пати годишно да ги обиколи работните места за да ја согледа состојбата со безбедноста. Ќе се внимава и на безбедноста на студентите кои ќе одат на практична работа.

„Работодавачот е должен пред почнување на практичната работа на студентите, во рудниците да ги запонзае со мерките за безбедност при работа“, вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Последните податоци велат дека лани имало 16 смртни случаи на работното место, во 2012 година се случиле 13, а во 2004 година пет работници го загубиле животот.

 

Викотрија Тодоровска