Словачка бара забрзување на проширувањето на ЕУ и еднаков третман за Западен Балкан
Словачка се залага за забрзување на проширувањето на Европската Унија и еднаков третман на земјите кандидати, без двојни стандарди и билатерални пречки. Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар го поддржува предлогот одлуките за проширувањето да се носат со квалификувано мнозинство. Од македонското МНР велат дека земјава ќе продолжи со реформите.

ЕУ нема да биде целосна без интеграција на земјите од Западниот Балкан, кои мора да влезат пред кандидатките од источното соседство – ова е пораката од шефот на дипломатијата на Словачка. Според Бланар, проширувањето трае долго поради пречки од билатерален карактер кои мора да се избегнат, и затоа Словачка го поддржува предлогот на еврокомесарката кос, одлуките за проширувањето да се носат со квалитативно мнозинство наместо со консензус, и да се гласа за сите поглавја наместо за секое посебно, што би го кратело времето на интеграција.
„Словачка е против двојни стандарди во пристапувањето кон европската унија, едни за државите како Молдавија, Украина, а други за останатите. Не можеме да прифатиме дека евроинтеграцијата што е базирана на ЕУ стандарди да има различни критериуми за различни кандидатки. Ние сме против правење разлика меѓу западен Балкан и Украина“, изјави Јурај Бланар-министер за надворешни и европски работи на Словачка.
Дијалогот продолжува и со Софија и со ЕУ, за наоѓање на решение, но нема да прифатиме решение што само привремено ќе ја подобри евроинтеграцијата, вели шефот на дипломатијата кој сè уште нема потврда за средба со бугарската колешка.
Македонија ќе продолжи да испорачува реформи за приближување кон ЕУ како гаранција дека нашите заслуги ќе бидат вреднувани наместо билатералните спорови, вели Муцунски.
Ирина Гелевска
