Македонија

Со поддршка од ЕУ ќе се унапредува системот за квалитет на воздухот

29.10.2026 18:57

Пред нас е зимата, аерозагадувањето чука на врата. Со усогласување на законите со европските директиви, зајакнување на институциите и нови стратегии, Македонија ги поставува темелите за почист воздух во следните десет години.

Усогласување на македонското законодавство со европските директиви, зајакнување на институционалните капацитети и подготовка на стратешки документи за почист воздух. Ова се трите основни цели на проектот насловен „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“. Ова е важна инвестиција за здравјето на граѓаните и за подобрување на квалитетот на воздухот во цела Македонија, порачаа учесниците.

Овој проект ги постави темелите, за драстично подобрување на квалитетот на воздухот во следните десет години, порачаа учесниците. Додадоа дека благодарение на европските директиви, квалитетот на воздухот во земјите од европската унија е драматично подобрен.

„Создадовме основа за оваа легислатива сега да мине низ Собранието. Ова бара висока координација меѓу министрите за животна средина, земјоделие, транспорт и други, со цел создавање на потребните елементи за воздухот во целата земја да стане подобар. Ова е многу важна инвестиција за здравјето на граѓаните“, изјави амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас.

Во рамките на проектот, изготвени се правна рамка и нацрт закони за усогласување со европските директиви, спроведени се обуки и системски надградби и подготвени се стратешки документи за менаџирање на аерозагадувањето на национално ниво.

Марија Котовска