Сајбер насилство, присутен феномен во училишната средина во земјава
Насилството денес не мора да се случи во училиштен двор, на улица или во училница. Понекогаш е доволен еден навредлив коментар, една фотографија, објавена без согласност или порака со закана-за некој да стане жртва на насилство. Младите не се свесни за опасностите на интернет, а сајбер насилството зема замав. Покажуваат резултати од истражувачкиот извештај изработен во рамките на научно истражувачкиот проект: Употребата на дигиталните платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина, финансиран од мин за наука и образование…

Сајбер насилството е присутен феномен во училиштата во Македонија. 34% проценти од испитаниците, биле сведоци на сајбер насилство во нивната училишна средина. Најчести жртви се девојчињата, а загрижувачка е бројката на деца кои изјавиле дека во текот на процесот додека се вршело насилството, имале и суицидални мисли
Употребата на дигиталните платформи не се покажало како индикатор за поголема виктимизација, но времето поминато на интернет го зголемува ризикот да станат жртви на сајбер насилство. 49% од учениците изјавиле, дека не знаат дали во училиштето се случува овој вид насилство. Не го препознаваат како такво и најчесто го прават од забава.
Резултатите од истражувањето, во однос на виктимизацијата покажуваат дека 23,1 процент од испитаниците барем еднаш биле жртви во онлајн просторот. И за овој проблем најчесто се доверуваат на своите најблиски, а не на училишните служби.
Препораките укажуваат на тоа дека делувањето во насока на превенција и справување со сајбер насилство, треба да биде мултидимензионално-насочено кон учениците, родителите и стручните служби во училиштата, и дигиталната писменоста.
Истражувањето е спроведено во 32 основни и средни училишта, и со него опфатени се 1.623 ученика.
Александра Максимовска
