Божиновска: Домашниот енергетскиот систем е стабилен, имаме доволно енергенси
Домашниот енергетскиот систем е стабилен и подготвен за снабдување на граѓаните и стопанството, имаме доволно енергенси – уверува министерката Божиновска. Сепак, будно се следи ситуацијата на светските пазари.

Во однос на новата цена на струјата, Божиновска уверува дека државата ќе направи се за да го заштити стандардот на граѓаните.
Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста. Во меѓувреме, МЕПСО веќе побара зголемување на тарифата за пренос. ЕСМ, пак, ги прави пресметките за цената по која ќе му ја продава струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, а која сега изнесува 65 евра за мегават – час. Понудата треба да се знае до средината на ноември.
Борис Грујоски