Собрание

Во Собранието седница за пратенички прашања

29.10.2026 17:52

Во Собранието, седница за пратенички прашања. Лидерите на власта и опозицијата разменија жестоки обвинувања. Филипче рече дека не го почитува Мицкоски, за кого рече дека ја распродава земјата за отворање рудници. Премиерот одговори – покажувате мускули за да ја скриете вашата немоќ, токму вашите влади ги одобруваа проектите...

Дали Владата го поддржува планот за отворање на рудниците „Казандол“, „Иловица-Штука“ и „Луке“, праша претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, кој на седницата за собраниски прашања ја обвини власта за распродавање на државното земјиште за рудници, и покрај отворено противење на локалното население.

Премиерот Мицкоски посочи дека владата нема да преземе ништо спротивно на интересите на граѓаните. Тој одговори дека се враќа она што го распродавала претходната влада, која давала согласности за спојување на концесиите. За Казандол, премиерот потсети на наследената арбитражна постапка по раскинувањето на концесискиот договор.

Скендер Реџепи од европскиот пат го отвори прашањето за изборите во Брвеница, за кои ја обвини власта за кршење на уставните права на Албанците и непринципиелни сојузи. Премиерот Мицкоски со став дека граѓаните гласаат по сопствено убедување, а не по етничка основа.

Враќање на старото уставно име, поништување на преспанскиот договор, подобрување на договорот со Бугарија, начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите – дел од прашањата на првиот човек на СДСМ. Премиерот одби да одговара на личните квалификации упатени од Филипче, кој рече дека ја почитува функцијата премиер, но не и Мицкоски.

 

Марина Стојанова Тонева