Oчна болница под истрага

29.10.2026 14:48

Од изутрина голема полициска акција, претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е под водство на ОЈО ГОКК, а станува збор за злоупотреба на средства за здравствено осигурување.

Една операција, две фактури. За иста интервенција плаќале пациентите, но плаќал и Фондот. Скопска приватна очна болница е под истрага за финансиски малверзации, откако се детектирани повеќе случаи на двојна наплата. Случајот го открил министерот за здравство, Клековски, додека раководел со Фондот. Година дена подоцна, полицијата претресе десетина локации во Скопје, Куманово и Тетово за да обезбеди докази за петмина осомничени – тројца од ФЗО и двајца од болницата. Меѓу нив е и поранешниот директор на Фондот, Ден Дончев.

Првичната штета по Буџетот се проценува на милион и пол евра. Но, болницата заработила многу повеќе, односно околу 4 милиони евра, а оштетени биле голем број пациенти.

За да се комплетира случајот, во истрагата биле вклучени и здравствениот инспекторат како и Агенцијата за лекови.

Анита Димитријевска – Велковска