Руската амбасада во Македонија ги отфрла обвинувањата за хибридни активности и бара одговор од институциите
Руската амбасада во Македонија ги отфрла обвинувањата за проруски хибридни активности и бара официјално појаснување од македонските институции.

Во реакцијата на соопштението на Агенцијата за национална безбедност од 1 октомври, кога беше објавено дека во земјава е откриена пропагандна мрежа која дејствувала во интерес на Русија, од Амбасадата изразуваат незадоволство од отсуството на институционален одговор.
Оттаму наведуваат дека, и покрај испратената дипломатска нота и барањето за итна средба на рускиот амбасадор со раководствата на Министерството за надворешни работи и Агенцијата за национална безбедност, досега не добиле ниту одговор ниту појаснување за изнесените обвинувања.
Руската страна инсистира на официјална реакција и разјаснување на наводите за постоење проруска пропагандна мрежа во земјава.
