Напади со балистички проектили во Украина
Напад со дрон е извршен и врз нуклеарната централа Запорожје, кога загинал еден работник. Киев побара помош од сојузниците за нападите...

Неколку часа по предупредувањето од украинскиот претседател Зеленски дека Русија ќе изврши напади со балистички проектили, во напад врз Киев загина едно лице а повеќе се повредени. Напад со дрон е извршен и врз нуклеарната централа Запорожје, кога загинал еден работник. Киев побара помош од сојузниците за нападите.
„Во наредните денови ќе продолжиме да работиме со нашите партнери на зајакнување на нашите одбранбени капацитети. Ќе има пакети што ни се потребни, и им благодарам на нашите партнери кои навистина реагираат брзо. Но, исто така е важно Америка да не молчи за убиствата што продолжуваат со несмалено темпо – тоа е од клучно значење“, изјави Володомир Зеленски-претседател на Украина.
