61 случај на заболен со грип во последната недела
Пријавениот број заболени е под неделната граница на сезонска активност на вирусот на грип, односно сè уште не е достигнат епидемиолошкиот праг на влез во сезоната на грип...

Во последната недела пријавен е 61 случај на заболен со грип или симптоми слични на грип. Најмногу има во Куманово – 22, Прилеп – 11, Гостивар – 9, заболени се регистрирани и во Скопје, Струмица, Тетово, Кавадарци и Свети Николе. Повеќе од половина од инфицираните се на возраст од 15 до 64 години.
Пријавениот број заболени е под неделната граница на сезонска активност на вирусот на грип, односно сè уште не е достигнат епидемиолошкиот праг на влез во сезоната на грип.
Институтот за јавно здравје апелира граѓаните да ги применуваат препораките за заштита од грип. Да се избегнува престој во затворени простории каде престојуваат повеќе луѓе, контакт со заболени, да одржуваат лична хигиена. А, најефикасна заштита од грипот е имунизацијата. Особено се препорачува постарите над 65 години, хронично болните, бремените жени, здравствените работници.
Во земјава досега се имунизирани повеќе од пет илјади граѓани од ризичните категории. Достапни се 30 илјади бесплатни вакцини, а во тек е набавка на уште 26 илјади вакцини.
