Блокот на Нетанјаху освоил 53 пратенички места во Собранието, значително помалку од претходниот состав на парламентот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини партиите предводени од Арапи дека ги „украле“ изборите – можно е и со странска помош – откако конечните резултати покажаа дека неговиот блок го изгубил мнозинството во парламентот и нема да може да формира влада...

Блокот на Нетанјаху освоил 53 пратенички места во Собранието со 120 пратеници, што е значително помалку од 68-те места што ги контролираше во својот зенит во претходниот состав на парламентот. Неговата главна опозиција освои 48 места, додека партиите предводени од арапи обезбедија 19 места.
„Единаесет листи го поминаа изборниот праг. Листата „Ликуд“ освои 27 пратенички места. Листата „Јашар“ освои 21 место, листата „Заедно“ освои 12 места, „Заедничката листа“ освои 11 места, листата „Демократи“ освои 8 места, листата „Раам“ исто така освои 8 места“, изјави Дин Ливне-генерален директор на Изборната комисија на Израел.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини партиите предводени од Арапи дека ги „украле“ изборите – можно е и со странска помош – откако конечните резултати покажаа дека неговиот блок го изгубил мнозинството во парламентот и нема да може да формира влада.
