Обвинителство

ОЈО ГОКК денеска треба да објави дали и какви мерки ќе бара од судот за злоупотребите на приватната очна болница

30.10.2026 11:31

Во текот на денот се очекува Обвинителството за организиран криминал и корупција да објави дали и какви мерки ќе бара од судот за финансиските злоупотреби на приватната очна болница. Откако се детектирани повеќе случаи на двојна наплата, односно за иста интервенција, плаќале и пациентите и фондот.

Проверките траеле речиси една година, во акција извршени се претреси на десетина локации во Скопје, Куманово и во Тетово. Осуммина се уапсени, а кривични пријави се поднесени против 11 лица. Меѓу нив е и поранешниот директор на Фондот, Ден Дончев.

Тогашните двајца директори со приватната очна болница склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и акти. Биле внесувани невистините податоци во електронскиот систем на Фондот и се изготвувале фактури со невистини содржини. Па така, за иста здравствена услуга се наплаќале пари од пациентите и од Фондот.

Штетата по буџетот се проценува на 1,7 милиони евра, но болницата заработила многу повеќе, односно околу четири милиони евра. Со двојната наплата оштетени се меѓу три и четири илјади пациенти.