Заменик-министерката за европски прашања на средба со чешката амбасадорка
Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Република Чешка, Ирена Гецова...
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Република Чешка, Ирена Гецова.
Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда.
Заменик-министерката ги презентираше досегашните резултати и приоритетите за следниот период, со акцент на институционалната координација и исполнувањето на реформските обврски поврзани со европските стандарди.
Предвидена е и размена на мислења за можностите за продлабочување на соработката со Чешка и споделување искуства во областите релевантни за реформскиот процес.
Средбата е можност за продолжување на дијалогот со чешките партнери и за унапредување на соработката во поддршка на европската перспектива на нашата земја.
