УХМР: Од утре врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност, од утре до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд. Според УХМР, на одделни места се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар, а во Скопската Котлина над 40 литри за целиот прогнозиран период.

Променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд се очекува од утре до вторник, под влијание на циклонска активност. Пообилни врнежи се најавуваат во недела и во понеделник кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон вторник.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа, а локално во текот на прогнозираниот период и над 60 литри.
Во Скопје, од утре до вторник, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.
За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврнат над 40 литри дожд на квадратен метар.
