приштина

Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој

30.10.2026 16:35

Дурмиши, денеска учествуваше на регионалната конференција „SHE RISES REGIONAL 2026“ во Приштина, Република Косово, каде што на панелот посветен на унапредување на женското претприемништво преку регионална економска соработка и европска интеграција ги претстави мерките на Владата за поддршка на жените претприемачи...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска учествуваше на регионалната конференција „SHE RISES REGIONAL 2026“ во Приштина, Република Косово, каде што на панелот посветен на унапредување на женското претприемништво преку регионална економска соработка и европска интеграција ги претстави мерките на Владата за поддршка на жените претприемачи, зголемување на конкурентноста и отворање нови можности за регионално економско поврзување.

Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека економското зајакнување на жените претставува важен предуслов за одржлив економски раст, поголема продуктивност и подобро искористување на економскиот потенцијал на регионот.

„Женското претприемништво не е само прашање на еднакви можности, туку важен двигател на економскиот раст, инвестициите и конкурентноста. Нашата задача е да создадеме услови жените не само да основаат бизниси, туку да развиваат успешни компании, да инвестираат, да извезуваат и да отвораат нови работни места“, нагласи Дурмиши.