БДП во 2025 година реално пораснал за 3,8 проценти
Бруто-домашниот производ по жител во 2025 година изнесувал 9.859 евра.

Бруто-домашниот производ во 2025 година достигнал 1.105.239 милиони денари, што е номинален раст од 7,1 процент во споредба со претходната година. Реалниот раст изнесува 3,8 проценти, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашниот производ по жител во 2025 година изнесувал 9.859 евра.
Најголемо учество во додадената вредност, односно 19,9 проценти во структурата на БДП, имаат секторите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, како и објектите за сместување и сервисните дејности со храна.
Забележителен придонес во растот имале бруто-инвестициите во основни средства, кои номинално се зголемиле за 9,6 проценти.
Финалната потрошувачка учествувала со 80,7 проценти во структурата на БДП, додека учеството на извозот на стоки и услуги изнесувало 60,8 проценти.
