Статистика

Раст на прометот со горива и храна, пијалаци и тутун во малопродажбата

30.10.2026 19:43

Во трговијата на мало со автомобилски горива е забележан номинален раст на прометот од 38,7 проценти.

Реалниот промет во трговијата на мало со автомобилски горива во септември е зголемен за 12 проценти, а во групата храна, пијалаци и тутун за 19,4 проценти, во споредба со истиот месец лани, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало со автомобилски горива е забележан номинален раст на прометот од 38,7 проценти. 

Кај храната, пијалаците и тутунот номиналниот раст изнесува 24,1 процент.

За разлика од нив, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, без горивата, прометот е намален за 13,9 проценти номинално, односно за 9,2 проценти реално.

Во групата трговија на мало, освен со горива, номиналниот промет е зголемен за 3,9 проценти, а реалниот за 4,7 проценти.