Божиновска: Енергетската транзиција мора да обезбеди сигурност и нови можности за економски развој
Божиновска истакна дека подготовките за COP31 се можност за утврдување јасна национална позиција за енергетската и климатската иднина, заснована врз реалните можности на земјата, науката и потребите на граѓаните.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на Националниот дијалог на патот кон COP31, организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), во пресрет на климатската конференција во Анталија.
Божиновска истакна дека подготовките за COP31 се можност за утврдување јасна национална позиција за енергетската и климатската иднина, заснована врз реалните можности на земјата и потребите на граѓаните.
Како приоритети ги посочи развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на енергетскиот систем, со инвестиции во мрежата и складирање енергија. Таа нагласи дека енергетската транзиција мора да биде праведна и да обезбеди можности за работниците и локалните заедници, особено во регионите зависни од јагленот.
Посебно ја истакна иницијативата „35 до 2035“, со цел електричната енергија да достигне 35 проценти од вкупната финална потрошувачка на енергија до 2035 година.
Националниот дијалог има цел да ги усогласи приоритетите на институциите и другите чинители, за земјата на COP31 да настапи со јасна позиција и конкретни цели во справувањето со климатските промени.
