Фудбал – Прва лига 10 коло

Три гостински победи!

05.10.2014 19:02

Домашниот терен е голема предност во македонската фудбалска Прва лига, па кога гостите ќе победат на три од пет натпревар и ќе загубат само еден меч, тогаш тоа не  е вообичаено коло.

Домашниот терен е голема предност во македонската фудбалска Прва лига, па кога гостите ќе победат на три од пет натпревар и ќе загубат само еден меч, тогаш тоа не  е вообичаено коло.

По десетото, шампионот Работнички и дефинитивно се врати во ритам. „Романтичарите“ ја прекина лошата серија против Металург и конечно по шест првенствени натпревари без успех, славеа во Ѓорче Петров, кадешто екипата од Железарница беше домаќин. За петтиот триумф сезонава, Велковски погоди од слободен удар во 12-та, а Алтипармакоски по промашениот пенал, се оправда со голот во 66-та минута. Иако завршните 20 минути ги одигра без исклучениот Стојановски, Металург постигна погодок преку Лескаровски, но само за конечни 1:2.

Брегалница и во петиот меч во Штѕип остана без победа, а Шкендија првпат сезонава славеше на гости. За 3:1 двоен стрелец беше Кировски, гол постигна и Вручина, а почесниот погодок з аБрегалница е дело на Здравков.

8 порази и само две реми е билансот на Тетекс којшто во градското дерби беше поразен од Ренова со 4:0. Ова  е прво гостинско славје за Ренова коешто уште по десетина секунди го најави Рамадани. Истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелците во којашто влегоа и Мишковски и Гафури.

Силекс конечно по осум порази го освои првиот бод во Турново. 1:1, за гостите реализираше Дурански, домаќинот од пораз го спаси бугарскиот интернационачец Долапчиев на пет минути пред крајот.

ПРВА ЛИГА – 10 КОЛО

МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ        1:2

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА       1:3

ТЕТЕКС – РЕНОВА                         0:4

ТУРНОВО – СИЛЕКС                     1:1

ВЧЕРА: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР   1:0

 

ПРВА ЛИГА – ТАБЕЛА

1. ВАРДАР                24

2. ШКЕНДИЈА          18

3. МЕТАЛУРГ           17

4. РАБОТНИЧКИ      16

5. ПЕЛИСТЕР            15

6.СИЛЕКС                 14

7. ТУРНОВО             14

8. РЕНОВА                12

9. БРЕГАЛНИЦА        5

10. ТЕТЕКС               2