Започна гласањето

Утре втор круг од изборите во Брвеница, денес гласаат болните и немоќните

31.10.2026 10:57

Гласањето започна изутринава во 7 часот. Според информациите од Државната изборна комисија вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас. Право на гласање имаат и девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Утре втор круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Денеска гласаат болните и немоќните лица, како и лицата кои се на издржување казна затвор.

Гласањето започна изутринава во 7 часот. Според информациите од Државната изборна комисија вкупно 107 болни и немоќни лица имаат можност да го остварат своето право на глас. Право на гласање имаат и девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Гласањето на затворениците се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во Скопје, Штип и Тетово.

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач. Од нив, 56 се домашни, а пет се меѓународни.