Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, се апелира на внимателно возење
31.10.2026 11:21
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, а интензитетот на возила надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според надлежните служби, на повеќе патни правци се изведуваат градежни работи, поради што е потребна дополнителна внимателност од возачите. Се апелира брзината да се приспособи на условите на патот, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.
