Тутунот под притисок на здравствените правила
Како да се задржи производството на тутун кое е од исклучително економско значење, наспроти строгите правила на Светската здравствена организација. Македонија годишно од извоз на тутун има девизен прилив од околу 150 милиони евра. На оваа тема се дебатираше во Прилеп на меѓународен форум.

Преку дваесет илјади македонски семејства егзистираат со годишно производство од околу 30.000 тони тутун. Тутунопроизводството е значајна земјоделско-економска и социјална гранка.
Но, како да ја продолжи одржливоста во земјава, Европа и светот наспроти строгите правила на Светската здравствена организација? Тутунопроизводството е повеќе политичко прашање.
Македонија, освен на европската е полноправна членка на и на Светска асоцијација на држави производители на тутун. Ова за нашата држава е можност за зголемено производство и оформување на подобра откупна цена на тутунот.
Откупот на тутунот треба да почне најдоцна до 15 декември, но откупувачите, ако се подготвени може да почнат да го преземаат родот уште од 15 ноември. Годинашниов род е околу 26.000 тони тутун.
Елизабета Митреска
