Избори во Брвеница
ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор
31.10.2026 17:31
Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас, информираат од ДИК.

Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница.
Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.
Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.
Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас, информираат од ДИК.
