Македонија

Вештачката интелигенција носи придобивки, но и сериозни ризици – потребна е регулација

31.10.2026 18:28

Расте бројот на сајбер-напади и злоупотреби поврзани со вештачката интелигенција. Експертите предупредуваат дека без јасна регулација, ризиците се одразуваат врз безбедноста на граѓаните, демократијата и економската стабилност.

Во последните години се засилија сериозните инциденти поврзани со вештачката интелигенција. Расте бројот на хакерски напади, меѓу најголемите се врз државните системи во Мексико и сајбер-инцидентите во Канада.

Ако не се регулира и се постави во служба на општеството и граѓаните, ризиците се многукратни и за луѓето и за демократијата, но и врз економската стабилност, сметаат експертите. Според Бојан Кордалов, македонските институции треба да се усогласат во овој дел со европското законодавство.

И покрај ризиците, вештачката интелигенција носи и огромни придобивки. Дигитализацијата менува сè што знаеме, во таа насока мора да се менуваме и ние, смета Кордалов, кој појаснува дека најголемите предизвици настануваат тогаш кога ја користиме неетички, односно ѝ дозволуваме да мисли наместо нас.

Вештачката интелигенција може да го замени работното место на секој од нас, но само доколку не си ја работиме професијата како што треба, коментира Кордалов.

Според истражувањата, најзасегната е правната професија и тука тој смета дека мора да се создаде јасен систем каде тоа ќе се регулира и ќе стави фокус на луѓето и кариерата.

Викторија Милевска