ФФМ ќе ги прогласува најдобрите за годинава
Николче Новески фудбалер на 2013
Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) на свечена церемонија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје вечер ќе им оддаде признанија на поединците и на клубовите коишто му дадоа белег на нашиот фудбал во 2013.
Главното одликување за фудбалер на годината ќе го добие Николче Новески, репрезентативецот којшто е столб на одбраната на германски Мајнц. За наш најдобар играч од домашното првенство ќе биде прогласен напаѓачот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски, во конкуренција уште и на Крсте Велкоски од Работнички и на Изаир Емини од Ренова.

Според одлуката на УО на ФФМ од последната седница, наградата за тренер на годината ќе му припадне на предводникот на шампионот Вардар, Благоја Милевски. Нај-стрелец е Јован Костовски, голгетерот на црвено-црните, којшто беше најефикасен фудбалер на сезоната 2012/2013.
За најдобар млад играч ќе биде прогласен Марјан Радески од Металург, додека шефот на младинско-пионерската школа на Вардар, Александар Васовски, ќе го понесе признанието за тренер во младинските категории за освојувањето на двојната круна, титулата и Купот, со младинците на Металург.
МРТ ќе врши директен пренос од манифестацијата во организација на ФФМ, од 20.20 часот, на Првиот програмски сервис.