Избори во Брвеница

Народниот правобранител ќе прима пријави за повреда на избирачкото право

01.11.2026 10:12

Од канцеларијата на омбудсманот потсетуваат дека гласањето е уставно загарантирано, слободно и тајно, а секоја повреда или притисок врз избирачите е казниво дело за кое ќе се преземаат итни мерки.

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово денес ќе биде отворена, а граѓаните ќе може да пријавуваат евентуални повреди на избирачкото право.

Од канцеларијата на омбудсманот потсетуваат дека гласањето е уставно загарантирано, слободно и тајно, а секоја повреда или притисок врз избирачите е казниво дело за кое ќе се преземаат итни мерки.

Подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот. Граѓаните пријавите ќе можат да ги поднесат лично во канцеларијата или телефонски на бројот 044 344-082.

Од Народниот правобранител информираат дека ќе преземаат итни мерки за да обезбедат ефективно постапување на надлежните органи и институции во заштитата на загарантираните права на граѓаните во изборниот процес.