Ракомет – Лига на шампиони

Вардар на врвот, Металург на дното!

05.10.2014 22:21

Атмосферата во клубот се отсликува и на теренот, па Вардар стартуваше со две победи, а Металург со исто толку порази во ракометната Лига на шампионите. По победата против Чеховски медведи од 39:28, црвено – црните го делат првото место во групата Ц со Веспрем со по четири бода, затоа што Унгарците вчера беа подобри од Рајн Некар со 27:24, а Целје денеска загуби кај Монпелје со 35:29, иако имаше +4 на полувреме.

Металург е единствен без бодови по две кола во конкуренцијата А, откако вчера загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 28:24. Лидер е ПСЖ којшто денеска го совлада Загреб со 27:22. Првата победа вчера ја оствари Кил и тоа дома против Ла Риоха со 34:32.

Во другите денешни натпревари од втората рунда на ракометната Лига на шампионите, во групата Б, Барселона беше подобра од Висла со 30:25, благодарение на македонскиот репрезентаивен капитен Кире Лазаров кој со 9 голови беше прв стрелец на мечот. Колдинг славеше кај Бешикташ со 33:24, додека европскиот првак Фленсбург триумфираше против Алингсас со 31:21.

Во единствениот денешен натпревар во сегментот Д, Алборг и Шафхаузен одиграа нерешено. 23:23.

Во третото коло, на 11 октомври Металург ќе гостува кај Загреб, а ден подоцна Вардар ќе го пречека рајн некар.