Пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички во Аеродром, има повреден и приведен
По пресметката, едно лице било приведено, а едно е во болница. Засега нема детали какви се повредите на лицето, ниту дали дополнително ќе бидат приведени и други.

Синоќа пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, тепачка меѓу навивачите на кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички. Инцидентот го потврди и полицијата.
Помала група припадници на „Фемили“ нападнала навивачи на „Работнички“, кои чекале да влезат во салата и да го бодрат својот тим на натпреварот против МЗТ Скопје.
По пресметката, едно лице било приведено, а едно е во болница. Засега нема детали какви се повредите на лицето, ниту дали дополнително ќе бидат приведени и други.
Според информациите, навивачите на МЗТ најпрво запалиле пиротехнички средства, по што се приближиле до навивачите на Работнички и физички ги нападнале.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 19 часот.
