Полска

Туск ги обвини опозициските структури за напад врз владеењето на правото

01.11.2026 12:09

Опозицијата најави иницијатива за гласање недоверба на неговата влада.

Полската политичка криза се продлабочува. По судирот околу Уставниот суд, премиерот Туск порача дека компромис со политичките противници не е можен, обвинувајќи ги опозициските структури за напад врз владеењето на правото.

„За одредени прашања не може да има компромис. Викањето, лагите и тепачките не можат да бидат извор на правото во Полска и никогаш нема да бидат“, изјави Доналд Туск, премиер на Полска.

Опозицијата најави иницијатива за гласање недоверба на неговата влада.